Тимот на Борусија Дортмунд сака да се засоли со тројца германски фудбалери од Бундеслигата, пренесува „Билд“.
Станува збор за напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, играчот за врска на Вердер, Максимилиан Егештајн и левиот бек на Аусбург, Филип Макс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште минатиот месец „Билд“ пренесе за силен интерес на „милионерите“ кон Тимо Вернер за кого е заинтересиран уште и Баерн Минхен. Меѓутоа, весникот тврди дека Баварците се откажале од тој трансфер бидејќи прва желба им е напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ.
Вернер на лето ќе влезе во последната година од договорот, а одби да потпише нов договор со Лајпциг бидејќи сака промена на средината. Тоа може да го искористи Борусија Дортмунд и да го донесе во своите редови, а „Билд“ тврди дека неговата цена изнесува 60 милиони евра.
22-годишниот Егештајн се наоѓа во истата ситуација и неговиот договор со Вердер истекува во 2020 година. Во него Борусија гледа идеален заменик за Јулијан Вајгл кој најверојатно ќе биде продаден на лето.
Што се однесува до Филип Макс, тој неодамна стави потпис на нов договор со Аусбург и за него постои интерес од неколку европски клубови.
„Билд“ пишува дека раководството на Борусија Дортмунд е загрижена што во првиот тим единствен Германец во моментов е Марко Ројс, па ќе работи на тоа да донесе што е можно повеќе домашни фудбалери.
Maximilian Eggestein – @werderbremen CM
Timo Werner – @RBLeipzig_EN CF
Philipp Max – @FCA_World LBBorussia Dortmund are targeting a trio of German Bundesliga stars, according to SportBild, with Marco Reus the only German in their current best-XI.
Thoughts, @BVB fans? pic.twitter.com/BVUZ99t5pV
— DW Sports (@dw_sports) February 20, 2019