Милан викендов доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Лацио, па „росонерите“ се на мета на жестоки критики од страна на италијанската јавност.
Најголеми критики доби најскапото засилување на „росонерите“, Леонардо Бонучи кој истакна дека овој пораз треба да биде добра лекција.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
„Ова ни беше вистинска шлаканица, која треба да не освести. Не смееме да паднеме по овој пораз. Игравме добро се до пеналот и потоа се се смени. Потребно е сите играчи да бидат максимално пожртвувани ако сакаме да направиме добар резултат“, истакна Бонучи.
„Не личевме на себе, не игравме како што знаеме кога ја имавме топката во посед, а најмногу потфрливме кога таа беше кај противникот. Разочарани сме, но знаеме дека овој тим е нов и доколку сакаме да станеме голем тим ова не смее да се повтори“, додаде дефанзивецот.