Леонардо Бонучи во претходните две години беше главна ѕвезда на преодните рокови откако го напушти Јувентус, за после само една година да се врати во клубот од Торино.
Бонучи прво летото 2017 година одлучи да го напушти Јувентус бидејќи немаше добар однос со Масимилијано Алегри и на изненадување на многу навивачи потпиша за Милан.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради тоа го навлече бесот на навивачите на Јувентус. Сега медиумите на Апенините пишуваат дека би можел повторно да ја напушти „старата дама“.
Како што пишува „Газета дело Спорт“ на адреса на клубот од Торино пристигнала понуда за која Бонучи и луѓето во Јувентус разислувале. Имено, интерес за него покажал Пари Сен Жермен кој е спремен да плати 30 милиони евра.
Заминувањето на Бонучи од Јувентус не би било толкава изненадување затоа што во секој момент се очекува да пристигне потврда за пристигнувањето на супер талентираниот Матијас Де Лихт. На „Чизмата“ се најавува дека одлуката Бонучи ќе ја донесе во наредните неколку дена.
#Leonardo wants to bring #Juventus star #Bonucci to #PSG; the details https://t.co/s1eoh3EL0H pic.twitter.com/pLr6EIxkrt
— CalcioMercato (En) (@CmdotCom_En) June 29, 2019