Дополнителна мотивација за фудбалерите на Рома во четвртфиналните натпревари веројатно беа и насловните страници на медиумите во Каталонија.
Најпопуларниот каталонски весник „Спорт“ по ждребот за ¼ финалните натпревари излезе со наслов „Бонбона“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Следуваше и објаснување, исто така на насловната страна стоеше: „Барселона на ждребот во Лигата на шампионите имаше среќа и оваа сеозна веќе може да се атакува на тројна круна. Барса ја извлече Рома, противникот кој го посакуваше. Трофејот во Ла Лига е во „џеб“, во купот е во финале, а сега и се отвара вратат за уште една историска сезона“…
„Спорт“ не застана тука. На денот на реваншот во Рим и после победата во првиот натпревар од 4:1 излезе со наслов „Веќе се во полуфиналето“, со фотографија од Меси и Суарез.
Покрај тоа пишуваше: Откако две години во низа беше елиминирана во ¼ финалето, Барселона денес мора да ја заврши работата во Лигата на шампионите и да го продоложи ловот на тројна круна во оваа фантастична сезона.
Денес, после големата победа на Рома на насловната страна се појави слика од Џеко и разочараниот Пике со наслов: Дебакл за кој нема извинување“.