Дома Трансфер зона „Бомба“: Црвена Звезда преговара со Бојан Кркиќ

„Бомба“: Црвена Звезда преговара со Бојан Кркиќ

Црвена Звезда оствари историски успех со пласманот во Лигата на шампиони, па сака значително да го засили тимот.

Раководството на српскиот тим најави дека е во потрага по нов напаѓач, а каталонските медиуми откриваат дека Црвена Звезда почнала преговори со Стоук за Бојан Кркиќ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Кркиќ има уште две години од договорот со англискиот тим, но Стоук нема да смета на него за оваа сезона. Како проблем би можело да претставува тоа што Кркиќ има висока плата, но Стоук е спремен да го пушти на позајмица напаѓачот и да покрива дел од неговата плата.

Кркиќ е продукт на школата на Барселона, каде дебитираше за првиот тим на 17 години. Потоа „шеташе“ по многу европски клубови, но секако дека ќе биде огромно засилување за српскиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…