Наполи беше на чекор до потписот на Хамес Родригез, но не може да постигне договор со Реал Мадрид, па Колумбиецот може да заврши во друг клуб.
Интерес за Хамес покажува и Атлетико Мадрид, но „кралевите“ не сакаат да му го продадат играчот на градскиот ривал и преферираат трансфер во друга лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесуваат италијанските медиуми, агентот Жорге Мендеш му го понудил Колумбиецот на Милан.
„Росонерите“ преговараат со Мендеш околу трансферот на Анхел Кореја, па наводно започнале преговори и за Хамес Родригез. Тренерот на Милан сака во тимот плејмејкер кој ќе игра позади двајца напаѓачи, па Колумбиецит е идеален за таа позиција.
Милан е спремен да го продаде Сусо, Андре Силва и Патрик Кутроне за да ги финансира трансферите на Кореја и Хамес.