Португалските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“. Имено, „А Бола“ тврди дека Роналдо донел конечна одлука и сака да го напушти Реал Мадрид и Шпанија.
Иако сето ова звучи како шпекулација, готово сите португалски медиуми наведуваат конкретни причини поради ваквата одлука. Роналдо е лут поради обвинението за затајување на данок, не сака да се „нагодува“ со властите и сака да ја напушти Шпанија.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
„Извади ме одoвде“, наводно му рекол Роналдо на својот агент Жорге Мендеш после сознанието дека е обвинет по четири точки за затајување на данок и дека ќе мора да плати казна и да ја признае вината.
Истото тоа го направи и Меси, но Роналдо не сака таква нагодба со оглед на фактот дека истото го прават и фудбалерите во Англија, а никој не ги обвинува и не ги става на „столбот на срамот“.
„Роналдо го сака Реал, но не и Шпанија. Му сметаат многу работи кои се пишуваат таму и донесе конечна одлука, сака да замине“, изјави близок извор за португалските медиуми.
Сепак, Реал не сака да го пушти, од клубот му советуваа да остане мирен околу обвинението, но од друга страна тие пробаа да се дистанцираат од целата приказна.
Притоа „кралевите“ му сугерирале на мадридските медиуми вестите за затајување на данок да ги донесуваат со слика од Роналдо во португалски дрес, што секако не му се допадна на играчот.
Оваа сага сигурно ќе трае цело лето, па останува да видиме каков ќе биде расплетот.