Раководството на Барселона започна преговори за враќање на ѕвездата на ПСЖ, Нејмар на „Камп Ноу“, пренесуваат каталонските медиуми.
Според радио „Каталуња“ на самиот крај на календарската година дел од раководството на Барсеолона имало средба со претставници на најскапиот фудбалер на светот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На состанокот биле присутни Пини Захави (менаџер) и Алваро Коста (пријател на фудбалерот).
Според каталонските медиуми самиот Нејмар сака да се врати во Барселона и смета дека неговиот избор да се пресели во ПСЖ бил голема грешка.
Бразилецот во летото 2017 година се пресели во Париз за сума од 222 милиони евра и стана најскап фудбалер во светот, но не е среќен во ПСЖ.
Барса сака да ги искористи проблемите кои ги имаат „светците“ со Финансискиот фер-плеј и да го врати Нејмар на „Камп Ноу“.