Дома Топ вести Бомба од Островот: Челзи прифатил 75 милиони евра за Вилијан!?

Бомба од Островот: Челзи прифатил 75 милиони евра за Вилијан!?

Барселона се обидуваше стигна до понуда од 61 милиони евра, но на крајот се откажа, но Јунајтед е спремен да го понуди она што „сините“ го бараа од Каталонците.

Дел од англиските медиуми на големо пишуваат дека Челзи и Манчестер Јунајтед повторно ќе соработуваат ова лето.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Наводно, Челзи се согласил да го продаде Вилијан на Јунајтед за сума од 75 милиони евра. Тоа е сумата која Барселона не сакаше да ја плати.

Од друга страна Вилијан додека Конте беше во клубот изјави дека не е задоволен, а ситуацијата не се променила ниту откако Маурицио Сари пристигна во клубот.

Поради ваквата ситуација, Челзи веројатно е принуден да го продаде Вилијан за огромна сума која и тоа како добро ќе им дојде. „Сините“ така би добиле пари кои би ги искористиле за големи засилувања, пред се во средниот ред, каде што се поврзуваа со доведување на Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…