Дома Топ вести „Бомба“ од Каталонија: Куман го сака Лукаку

„Бомба“ од Каталонија: Куман го сака Лукаку

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман настојувал клубот да го донесе напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку пренесуваат каталонските медиуми.

Долго време се пишуваше дека Барселона е силно заинтересирана за Лаутаро Мартинез, но угледниот „Мундо Депортиво“ пренесува дека прва желба на Куман била друг напаѓач на Интер.

Холандскиот стратег многу ги цени квалитетите на Белгиецот и побарал од раководството да го донесе на „Камп Ноу“.

Меѓутоа, раководството на Барса проценило дека нема начин како да му ја исполни таа желба на Куман, иако веќе подолго време преговара со Интер.

Куман бара заменик за Луис Суарез, а одлично го познава Лукаку од времето кога работеше во Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ѕвездата од Серија А се сели кај Алиоски

Ѕвездата на Удинезе и аргентински репрезентативец, Родриго де Паул е блиску до трансфер во…