Дома Топ вести „Бомба“ од Италија: Јувентус ја одреди цената за Роналдо

„Бомба“ од Италија: Јувентус ја одреди цената за Роналдо

Италијанските медиуми пренесуваат дека Кристиано Роналдо ова лето најверојатно ќе го напушти Јувентус.

Јувентус има финансиски проблеми и е спремен да го продаде 35-годишниот Португалец бидејќи е свесен дека ова е последна можност да заработи од неговото заминување.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Новиот тренер Андреа Пирло нема да се противи на неговото заминување, а италијанските медиуми тврдат дека „бјанконерите“ веќе ја одредиле цената.

Имено, Јувентус е спремен да го пушти Роналдо за 60 милиони евра, сума која е спремен да ја плати Пари Сент Жермен.

Тоа ќе му овозможи на Јувентус да донесе нова голема ѕвезда во нападот бидејќи ќе заштеди и од високата плата на Роналдо, кој во Торино заработува 33 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…