Германските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Пеп Гвардиола би можел да се врати во Баерн Минхен.
Пред повеќе од една недела Нико Ковач доби отказ од Баерн минхен и од тој момент Баварците бараат негова замена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се споменуваа голем број тренери, меѓу кои и Арсен Венгер и Жозе Мурињо, како и Масимилијано Алегри и Томас Тухел, а сега дојде редот и можеби на најголемото име кое се поврзува со Баерн.
Германските медиуми пишуваат дека постои можност да се врати Пеп Гвардиола во Минхен, а тие шпекулации се појавија по поразот на Манчестер Сити од Ливерпул со 1-3 на „Енфилд“.
Наводно Гвардиола размислува на крајот на сезоната да го напушти Манчестер Сити и е отворен за враќање на „Алијанц Арената“.
Сепак, ова е малку веројатно со оглед на фактот што Каталонецот има договор со „граѓаните“ до 2021 година.