Во моменти кога Суперлигата повторно е главна тема во европскиот фудбал германскиот медиум „Велт“ објави информација дека Барселона може да биде исфрлена од Лигата на шампионите за наредните две години.
Имено, информациите на медиумoт се дека Барселона прекршила неколку финансиски регулативи и затоа може да биде казнета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонците се веќе казнети со 500.000 евра поради кршење на слични прописи, меѓутоа сега новата казна би можела да биде драстично пожестока.
Секако неиграње во европската елита во наредните две години би бил сериозен удар за Барселона.
Ако се случи ваквата казна да биде потврдена суспензијата ќе започне од 2024/2025. Дел од коментарите се дека УЕФА на овој начин би сакала да ја казни Барселона за залгањето за Суперлигата.