Месут Озил неодамна потпиша нов, богат договор со Арсенал, но англиските медиуми пренесуваат дека на крајот на сезоната би можел да го напушти „Емирати“.
Германецот е разочаран што Унаи Емери не смета сериозно на него, па поради тоа неколку пати влегол во конфликт со тренерот. Германецот наводно се налутил што често останува на клупта во важните натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа сериозно размислува да ја промени средината на лето, а таквата ситуација е спремен да ја искористи Интер.
Италијанските медиуми тврдат дека Озил ќе биде главната трансфер мета на „нероаѕурите“ следното лето и дека веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Арсенал нема да има против да го продаде Германецот, но проблем за Интер би можела да биде високата плата на плејмејкерот кој неделно заработува 400.000 фунти.
https://youtu.be/rOtwojjGDw0