Кристиано Роналдо инсистира да го напушти Манчестер Јунајтед и се понуди на неколку европски гиганти, но наиде на затворена врата.




Роналдо сака следната сезона да игра за тим кој настапува во Лигата на шампиони, но Челзи, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид одбија да го ангажираат.




Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Шпански „АС“ тврди дека конечно се најде клуб кој сака да го доведе Кристиано Роналдо, а станува збор за Наполи.
Претседателот Де Лаурентис верува дека тоа ќе биде одличен потег и дека од Роналдо може да направи „икона“ во Наполи нешто слично како Марадона.




Роналдо е спремен да прифати 30% помала плата само да го напушти Манчестер Јунајтед, а во Наполи би можел да настапува во Лигата на шампиони.