Дома Топ вести „Бомба“: Ибра го враќа Тонали во Милан

„Бомба“: Ибра го враќа Тонали во Милан

Италијанскиот новинар Тицијално Крудели лансираше вистинска „бомба“ и изјави дека Сандро Тонали може да се врати во Милан.

Тонали минатото лето за скоро 80 милиони евра беше продаден во Њукасл, но само два месеци подоцна беше дел од аферата за нелегално обложување и доби суспензија од 10 месеци.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Тонали ја пропушти готово цела сезона поради суспензија, но не е среќен во Англија и сака да се врати во Италија.

„Зборував со Ибра и Тонали може да се врати во Милан“, изјави Крудели.

Милан е во потрага по квалитетен играч за врска и наскоро ќе испрати понуда до Њукасл за Тонали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Не е само пласманот во четвртфиналето: Де Ла Фуенте испиша историја со победата над Грузија

Репрезентацијата на Шпанија вчера со победа од 4:1 се пласираше во четвртфиналето на Европ…