Дома Фудбал Германија БОМБА: Баерн преговара со Луис Енрике

БОМБА: Баерн преговара со Луис Енрике

Раководството на Баерн Минхен е во потрага по нов тренер, па се насочиле кон бившиот стратег на Барселона, Луис Енрике и наводно веќе стапиле во контакт со него.

Ова го тврди еминентниот шпански новинар, Хуанма Ромеро, кој работи во Германија како кореспондент за шпанските медиуми.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Пред неколку денови „Билд“ објави дека Баварците веќе постигнале договор со Томас Тухел, но информацијата се уште нема никаква потврда.

Луис Енрике на крајот на минатата сезона ја напушти Барселона и моментално е слободен, па на „Алијанц Арена“ сметаат дека ќе биде идеално решение за нивиот тим.

Германските медиуми тврдат дека Баерн паралелно преговара со двајцата тренери, но дел од раководството изразило сомнеж за кандидатурата на Томас Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Македонија вечерва го игра еден од најважните натпревари: Еве како можеме до првото место во групата!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра еден од најважните натпревари во ква…