Дома Фудбал Останато Блатер: Американците ми рекоа, мора да ти падне главата

Блатер: Американците ми рекоа, мора да ти падне главата

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер изјави дека поднел оставка на таа функција поради притисокот од Америка.

Блатер на денешен ден, 2-ри јуни 2015 година, даде оставка од функцијата прв човек на светскиот фудбал.

Работите да бидат почудни, оставката ја даде само неколку дена откако беше реизбран за претседател на ФИФА. Сега открива дека бил принуден на таков чекор.

„Ми рекоа, главата мора да ти падне“, открива Блатер за швајцарските медиуми.

Токму американските власти ја истражуваа корупцијата на ФИФА додека Блатер беше на чело на организацијата.

Блатер потоа доби обвинение за сомнителни исплати на првиот човек на УЕФА, Мишел Платини од 2 милиони долари.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пипо Инзаги: Ако не беше паузата за коронавирусот Лацио ќе имаше голема предност во однос на Јувентус

Oткако Пипо Инзаги со Беневенто го обезбеди враќањето во Серија А зборуваше за ситуацијата…