Дома Фудбал Англија Би биле успешни и во атлетиката, ова се најбрзите фудбалери во Премиер лигата

Би биле успешни и во атлетиката, ова се најбрзите фудбалери во Премиер лигата

Во англиската Премиер лига има неколку фудбалери кои сигурно би можеле да се занимаваат и со атлетика.

Според истражувањето во Англија откриено е дека најбрзиот фудбалер во лигата е Лерој Сане. Ѕвездата на Манчестер Сити има брзина од 35.58 km/h.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Веднаш зад него се наоѓа играчот на Кристал Палас, Ван Анхолт (35.42 km/h).

На третото место се наоѓа Муса Сисоко со брзина од 35.33 km/h. Интересно е што дефанзивецот на Челзи Антонио Рудигер се наоѓа на четвртата позиција со 35.19 km/h, па потоа Вилверд Заха со 35.14 km/h.

Во топ 10 најбрзи фудбалери во Премиер лигата се наоѓаат уште Оливер Брук (ВБА – 35.13 km/h), Кико Фемени (Вотфорд, 35.12 km/h), Лоран Кошчиелни (Арсенал, 35.11km/h) и Џејми Варди (35.09 km/h).

Многумина сигурно ќе ја сметаат оваа листа нерелевантна бидејќи недостасуваат имиња како Тео Волкот, Рахим Стерлинг, Вилијан, Хектор Белерин…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…