Дома Македонски спорт Мак баскет Битола е подготвена за кошаркарскиот спектакл!

Битола е подготвена за кошаркарскиот спектакл!

Во кошаркарска Битола, се е подготвено за завршниот турнир од Купот на Македонија што од четврток до сабота ќе се одржи во салата „Боро Чурлевски“. Прв куп-турнир по 17 години пауза кој ќе се игра во  „градот на конзулите“.

Организаторот, кошаркарскиот клуб „Пелистер“ – од Битола, денеска одржа прес-конференција по повод одржување на националниот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ во машка конкуренција за 2024 година.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Улогата на домаќин му припаѓа на КК Пелистер, кој поддржан од компанијата „Таск Форс“ го потврдува напредокот на организациски план, со надеж дека сезонава ќе се направи чекор напред и ќе се стигне до трофејот.

„Организацијата на овој куп е уште еден чекор во развојот на КК Пелистер, кој со влегувањето на компанијата Таск Форс ќе биде дополнителен чекор напред и играчки и организациски. Затоа, организацијата на купот е важен фактор за нас за продолжување на развојот, веруваме дека ќе го положиме тој организациски испит и дека на крајот од овој турнир сите ќе бидеме со позитивни впечатоци“ –  порачаа од КК Пелистер.

Спортскиот директор на Македонската кошаркарска федерација, Марјан Србиновски изрази надеж дека Куп-натпреварувањето ќе мине во беспрекорна организација и дека ќе понуди квалитетна кошарка.

„Купот се сели во Битола, во организација на КК Пелистер и на Општина Битола. Не се сомневаме во организациските способности, како федерација сакаме ова да биде празник на кошарката, трибините да бидат исполнети и со една ферплеј игра најдобрата екипа да го крене пехарот“, истакна Србиновски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…