Не владее еуфорија само во Македонија поради баражот против Италија во четврток, натпреварот со нетрпение го исчекуваат и Италијанците.
Италијанците се под поголем притисок посебно затоа што „Аѕурите“ го пропуштија последниот Мундијал во Русија во 2018 година, па втор низа би бил преголем. Но, тоа е нивни проблем, наше е да излеземе на теренот и да го дадеме максимумот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека еуфорија има и помеѓу Италијанците покажува и што стадионот „Ренцо Барбера“ е комплетно распродаден (36.000), а Македонија доби околу 1.300 влезници, сепак се очекува бројот на македонски навивачи да биде и нешто поголем. Италијанските медиуми сега објавија и дека билет за овој натпревар на црниот пазар достигнува цена и од 1.000 евра.
Претходно билетите кои беа пуштени преку тикет сервисот беа по цена од 10 до 60 евра во зависност од позицијата за седење, влезниците за македонските навивачи се продаваа по цена од 12 евра.