Дома Фудбал Репрезентации Бизарно: Австрија и Данска прво час и половина немаа струја, а потоа на стадионот се појави дупка 📸

Бизарно: Австрија и Данска прво час и половина немаа струја, а потоа на стадионот се појави дупка 📸

Данска во рамките од Лигата на Нации славеше со 1:3 на „Претер“, овој натпревар нема да се памети по резултатот туку по неколку скандали кои се случуваа.

Прво натпреварот доцнеше час и половина поради прекина на електричната енергија на стадионто во Виена. Немаше струја на целиот стадион, не работеа ниту рефлекторите, ниту семафорите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Австриските медиуми пренесуваат дека во тој период околу 1.500 домови во околината на стадионот останале без струја. Навивачите беа на трибините и на свои начини се забавуваа додека чекаа да дојде струја.

Не беше тука крајот на бизарностите на овој дуел кој траеше до полноќ. На тревникот по крајот на мечот се појави огромна дупка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Парите не се најважни: Јувентус одби 70 милиони евра за еден од најдобрите играчи

Челси имаше амбиција да го привлече Јилдиз, но удри на ѕид во Торино. Клубот од Лондон беш…