Дома Фудбал Останато Бизарна сцена во Романија: Головите беа пониски, па мораа да копаат за натпреварот да се одигра 🎥

Бизарна сцена во Романија: Головите беа пониски, па мораа да копаат за натпреварот да се одигра 🎥

Бизарни сцени го одбележија oсмото коло од романското првенство.

Домашниот Отелул славеше 2:0 против Сепси со два гола на Алехандро Поп во првото полувреме. Со победата домаќините се искачија на второто место на табелата со 15 бодови од седум натпревари, колку што има и водечкиот Клуж.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Меѓутоа најинтересниот момент се случи пред натпреварот да започне. При загревањето гостинскиот тренер Бернд Сторк се посомнева дека головите не се во склад со прописите и дека се прениски.

По проверката беше заклучено дека има право, едниот гол беше висок 2.36, а другиот 2.41, додека пропишаната висина е 2.44 метри.

Тогаш неколку лица мораа да копаат и да ги средат димензиите за натпреварот да може да се одигра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пол се налути и објасни зошто Тајсон го промашувал во борбата

Популарниот јутјубер Џејк Пол пред неколку дена го победи на поени легендарниот Мајк Тајсо…