Зинедин Зидан денес со Реал Мадрид ги започна припремите за новата сезона, а од поодамна е познато дека клубот во овој преоден рок ќе се обиде да се ослободи од Герет Бејл.
Шпанскиот медиум „Ел Чирингуито“ најавува дека Бејл добил понуда која би можел да ја прифати и таа доаѓа од Кина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кинески клуб му понудил на Реал да им го отстапи Бејл кој е јасно дека е непотребен без оштета, а Велшанецот во Кина би добил огромна плата од 30 милиони евра.
Реал скапо го плати Бејл, но со оглед на ситуацијата не е невозможно Реал да не се согласи. Бејл во Мадрид добива астрономска плата, а не е потребен. Ослободувањето од платата би претставувало големо олеснување за „кралевите“.
Договорот на Бејл со Реал има важност од 2022 година и според него тој добива 15 милиони евра по сезона.
Неодамна агентот на Бејл порача дека неговиот клиент нема намера да го напушти Мадрид.
„Бејл нема намера да го напушти Мадрид спремен е да ги започне припремите“, изјави Џонатат Барнет минатата недела.
Сепак, понуда во која би добивал двојно поголема плата и тоа како може да го заинтересира Велшанецот.
?¡EXCLUSIVA @elchiringuitotv! ?
➡️BALE tiene una OFERTA MAREANTE del fútbol CHINO.
➡️Le DOBLAN el SALARIO pero le quieren a COSTE CERO y el REAL MADRID NO está dispuesto.
Información de @Borjamazarro8. pic.twitter.com/rxl0V2e37H
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) July 8, 2019