Дома Трансфер зона Беше промашување на годината – Мурињо го сака на „Олд Трафорд“

Беше промашување на годината – Мурињо го сака на „Олд Трафорд“

Минатото лето Андре Гомеш беше жешка трансфер тема, го сакаа многу европски гиганти, но на крајот тој ја избра Барселона.

Меѓутоа, Андре Гомеш одигра катастрофална прва сезона во Барселона, беше прогласен за промашување на годинината, па неговата иднина на „Камп Ноу“ е доведена во прашање.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Шпанските медиуми тврдат дека Валверде нема да смета на него и дека сака да го продаде, а на негово место да донесе друг играч за врска.

Каталонците минатото лето за неговиот потпис платија 45 милиони евра, но сигурно дека после лошата сезона нема да можат да го продадат по истата цена.

Манчестер Јунајтед е најсериозно заинтересиран за Португалецот, бидејќи Жозе Мурињо има многу високо мислење за него, а инетерс покажува и италијанскиот шампион Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барса се вклучи во трката за колумбиската ѕвезда

Левандовски ја игра последната година во Барселона, па раководството на каталонскиот гиган…