Каталонците го променија мислењето.
Паулињо е новиот „убиец“ на Барса, така Бразилецот беше опишан од „Мундо Депортиво“. Веројатно и со право Бразилецот во досегашниот дел од сезоната игра навистина фантастично, па поради тоа реномираниот шпански весник посвети еден дел токму на човекот кој при пристигнувањето во лето добиваше огромни критики.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Паулињо со голот на „Сан Мамеш“ стигна до неверојатна бројка од 20 постигнати погодоци во 2017 година. Бразилецот постигна 12 во неговиот претходен клуб, Гвангжу, пет за националниот тим и три за Барселона, а со тоа е пред Кристиано Роналдо и Карим Бензема заедно.
Имено, Роналдо и Бензема во досегашниот дел од сезоната постигнаа само по еден погодок во Примера, а тоа сигурно е причината за еден од најлошите почетоци на сезоната во историјата на клубот. За ова повеќе можете да прочитате ТУКА.
„Мундо Депортиво“ напоменува дека навивачите на Барселона сега масовно го промениле мислењето и сега Паулињо го сметаат за една од најдобрите инвестиции.