Дома Фудбал Англија Беше голманска ѕвезда и клупска легенда, сега никој не го сака

Беше голманска ѕвезда и клупска легенда, сега никој не го сака

Беше неприкосновен англиски репрезентативец и миленик на навивачите на еден од најголемите клубови во Премиер лигата, а денеска не знае дали и каде ќе игра следната сезона.

Пеп Гвардиола со доаѓањето во Манчестер Сити започна со безмилосна чистка, а неговата цел беше јасна: каталонскиот стручњак сака да создаде тим кој ќе биде во можност да ја спроведе неговата визија во фудбалот.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Веројатно најпознатата жртва на таа визија е Џо Харт, долгогодишниот голман и англиската репрезентативна единица, кој е омилен меѓу навивачите и веќе стана легенда во синиот дел на Манчестер. Гвардиола на долгогодишниот чувар на мрежата го претпостави не само Клаудио Браво, засилувањето од Барселона и својата голема желба, туку и поранешната резерва на Харт, Вили Кабаљеро.

Причината беше јасна – Харт не се вклопува во визијата на Пеп, каде што голманот треба да биде и повеќе од чувар на мрежата, а од него се очекува да стане и „третиот стопер“ и да учествува во создавањето на акции. Браво не се прослави во Сити: неговите бројни грешки многумина се соочија со вербата во проесот на Пеп, а веднаш започнаа гласини за враќање на Харт кој засолниште пронајде во Торино, каде што стана првиот англиски голман во историјата на Серија А.

Дочекан како ѕвезда, но неговите грешки поклонија многу бодови

Харт во Торино беше пречекан како голема ѕвезда; навивачите веднаш го засакаа, а во првиот дел од сезоната бранеше многу добро. Неговата статистика во однос на онаа на Браво беше многу подобра; повеќе пати ја зачува мрежата, а по натпревар забележуваше речиси двојно повеќе одбрани.

Меѓутоа, како минуваше времето, така и формата на Харт падна: во првите 17 натпревари имаше по 3,2 одбрани по натпревар, а на крајот на сезоната таа ефикаснсот падна на 2,53. Неговите грешки во неколку наврати директно го чинеа Торино вредни бодови за Европа. По бројот на примени голови, Харт беше трет најлош голман во Серија А – полоши од него беа само Албано Биѕари и Јосип Посавец, голманите на Паскара и Палермо, клубови кои отпаднаа од лигата.

Гвардиола во меѓувреме ја призна грешката со Браво, но тоа не ја отвори вратата на Харт во Сити. Нов голман стана Бразилецот, Едерсон Моралес, кој пристигна од Бенфика за 40 милиони евра, а Харт, по променливата форма во Торино, може во најдобар случај да смета на клупата.

Јасно е дека таква опција не го задоволува голманот кој поради тоа и си замина во Торино. На Харт му требаат минути за да остане прв избор на голот на репрезентацијата – следната сезона ќе биде пресудна за списокот на патници на Светското првенство во Русија, а Харт не може да си дозволи да седи една година на клупата, а особено во ситуација во која доаѓаат млади ѕвезди кои напредуваат на неговата позиција.

Никој не го сака Харт

Единствениот проблем е тоа што Харт, барем за сега, никој не го сака. И самиот Харт признава дека не знае каде ќе ја продолжи кариерата. Торино нема намера да го откупи неговиот договор, а понуда досега едноставно нема.

„Би сакал да дадам директен одговор на прашањето каде ќе играм следната сезона, но во моментов не можам тоа да го направам. Би сакал да слушнам информации во врска со мојата иднина, но во моментов немам информации кои би можел да ги чувам“, изјави Харт.

Харт има 30 години и во следните неколку сезони би требало да го доживее врвот на својата кариера, но изгледа дека најдобрите денови се веќе зад него. Меѓутоа, Харт не го губи отпимизмот: се надева дека ќе пронајде клуб во кој ќе има стабилност која ќе му овозможи да ја оживее кариерата која во моментов е „на апарати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Одреден датумот на кој ќе се игра финалето на Светското клупско првенство, фудбалерите веќе критикуваат

Финалето на Светското клупско првенство во 2025 година ќе се одржи на стадионот „Меклајф“ …