Дома Фудбал Останато Беше голема надеж на Англија и блескаше во ВБА, денес игра за Зулте Варагем и сонува враќање во ПЛ

Беше голема надеж на Англија и блескаше во ВБА, денес игра за Зулте Варагем и сонува враќање во ПЛ

Саидо Берахињо беше еден од најголемите англиски таленти. Се појави како тинејџерска сензација во ВБА па му се предвидуваше голема кариера.

Посебно внимание привлече кога за У-21 селекцијата на Англија постигна 10 гола на 11 натпревари, Челзи го следеше, но ВБА го стопираше трансферот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес на 26 година игра во белгискиот Зулте Варагем за кој сезонава постигна седум голови на 16 натпревари, а стигна да заигра и за репрезентацијата на Бурунди.

Неговиот пад најдобро го опишува потегот на второлигашот Стоук Сити, неговиот последен англиски работодавец. Тие му исплатија 2.5 милиони фунти само за предвреме да го раскинат договорот кој имаше важност уште три години.

Сепак, Берахињо е спремен да се врати на Островот и тоа за да го облече дресот на ВБА каде што се прослави.

Во разговор за англиските медиуми тој откри какви му се плановите и изрази желба повторно да го облече дресот на тимот каде што го играше најдобриот фудбал.

„Обожавав да играм за ВБА секоја минута која ја поминав таму беше одлична. Ако сега ме повикаат би отишол без размислување“, изјави Берахињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…