Летниот преоден вчера заврши во сите најсилни европски лиги, некаде веќе беше завршен, а многу клубови беа активни до последниот момент.
Интересно беше во Севиља каде што Бетис до последните минути го завршуваше трансферот на играчот за врска Џовани Ло Селсо кој пристигна од ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бетис успеа да договори позајмица до крајот на сезоната за овој 22 годишен играч.
Шпанскиот клуб на својот „Твитер“ профил го потврди трансферот на Ло Селсо, но тоа го направи на несекојдневен начин.
Го претставија Ло Селсо на начин како клубот да бара вистински музичар, а на „аудицијата“ присуствуваа неколку сегашни играчи на Бетис, на крајот играчот на ПСЖ беше нивниот избор.
?????? pic.twitter.com/wWNf0D5vcu
— Real Betis Balompié (@RealBetis) August 31, 2018