Дома Македонски спорт Бетис доби одговор од Динамо за Адеми: Не преговараме без 10 милиони евра!

Бетис доби одговор од Динамо за Адеми: Не преговараме без 10 милиони евра!

Пред два дена се појави вест дека Арјан Адеми е на мета на шпански Бетис, меѓутоа изгледа дека македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо ќе остане во хрватскиот клуб и во пролетниот дел од сезоната.

Бетис за ангажман на Адеми на Динамо му понудил сума од 6.5 милиони евра и тоа не била сума која што ги задоволувала апетите на „модрите“. Понудата на зелено белите експресно била одбиена и добиле одгововор дека нема да да преговараат за помалку од 10 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Адеми после суспензијата игра одлично и е еден од најважните играчи на Динамо, но во последно време проблем му прави повредата на стапалото поради која ќе ги пропушти подготовките на Динамо.

Во двете недели додека се во тек подготовките на Динамо Адеми ќе работи по посебна програма со цел комплетно да ја санира повредата. За нас ќе биде најважно да биде во топ форма за натпреварот на 26. март во Скопје против Косово.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…