Дома Фудбал Италија Берлускони ја купи Монца, но се уште зборува за Милан: Не ми се допаѓа стилот на Гатузо!

Берлускони ја купи Монца, но се уште зборува за Милан: Не ми се допаѓа стилот на Гатузо!

0

Поранешниот италијански премиер и екс сопственик на Милан, Силвио Берлускони го купи нисколигашот Монца и веднаш откри дека амбициите се да го однесе клубот во Серија А.

Берлускони синоќа за прв пат пристигна на стадионот на Монца да го гледа мечот против Триестина, но повеќе зборуваше за својот поранешен клуб Милан.

Имено, „Кавалиере“ изјави дека не му се допаѓа стилот на Гатузо и дека Милан мора да игра со двајца напаѓачи.

„Ги гледам сите натпревари на Милан, но не ми се допаѓа стилот на игра. Милан треба секогаш да игра со двајца напаѓачи и не разбирам зошто Гатузо не го прави тоа. Игуаин е голем шампион, а Кутроне одличен голгетер, треба да играат заедно во нападот, а Сусо да игра позади нив“, изјави Берлускони.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Лаурентис: Каков успех е тој ако позајмиш 200 милиони евра да купиш еден играч?

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис се обиде да се сочуствува со разочараните на…