Дома Фудбал Италија Берлускони: Навивачите на Милан ме казнија затоа што го продадов клубот на неспособен човек

Берлускони: Навивачите на Милан ме казнија затоа што го продадов клубот на неспособен човек

berlusconi

Легендарниот поранешен претседател на „росонерите“ тврди дека поради фудбалот ја изгубил политичката моќ.

Силвио Берлускони денес излезе со изјава во медиумите во која тврди поради продажбата на Милан на Кинезот Јонхонг Ли ги изгубил парламентарните избори во Италија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Резултатите покажаа дека околу 2.5 милиони навивачи на Милан не гласаа за мене бидејќи сакаа на тој начин да ме казнат за одлуката да го продадам Милан на човек кој не е способен да води таков голем клуб“, изјави Берлускони.

За среќа на Милан, Кинезите после само една година го изгубија клубот поради долговите и тој сега е во сопственост на фондот Елиот кој веќе повлече конкретни потези кон враќање на италијанскиот гигант во самиот врв.

„Беа и се уште се лути на мене, но после 30 години повеќе не можев да прифатам толку многу работа. И покрај се верувам дека ќе останам запаметен како претседател кој освои скоро се“, заклучи Берлускони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…