Дома Фудбал Англија Бербатов: На Божиќ сер Алекс Фергусон лично ни сервираше божиќен ручек после тренинг

Бербатов: На Божиќ сер Алекс Фергусон лично ни сервираше божиќен ручек после тренинг

Фудбалерот Димитар Бербатов, сеќавајќи се на деновите кога играше во дресот на Манчестер Јунајтед, открива дека во клубот имале интересна и симпатична традиција за време на празникот Божиќ.

Премиерлигата е исполнета со натпревари во деновите околу Божиќ и Нова Година, па тимовите имаат тренинзи и покрај празниците.

Откако ќе завршел тренингот на Божиќ, фудбалерите на Јунајтед имале заеднички ручек во кантината во тренинг центарот, а потоа си заминувале да прослават со фамилиите. Ручекот во тренинг центарот го сервирал сер Алекс Фергусон и неговиот тим од стручниот штаб.

„Кога бев во Манчестер јунајтед овој период од годината секогаш беше посебен“, открива Димитар Бербатов.

„Ќе трениравме а потоа одевме во катината на божиќен ручек и Сер Алекс и стручниот штаб ни ја сервираа храната. Тоа беше убава традиција, се чувствувавме како братство, како тим, беше убаво да се има тоа. Кажувавме шеги, по некоја закачка, тренерот ни ја сервираше храната за празниците, беше забавно. Кога ќе си отидевме дома имавме божиќна вечера со семејството, но требаше да внимаваме што и колку јадеме бидејќи следниот ден (боксинг деј) обично имаме натпревар“, се сеќава Бербатов.

„Не сакате Сер Алекс Фергусон да ви се развика затоа што сте загубиле меч или сте покачиле некое кило“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aгуеро по трансферот во Барселона си купи ново „Ферари“ 📸

Искусниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро стана нов член на Барселона и веднаш реши да с…