Дома Македонски спорт Берат Јакупи ќе се бори за злато на ЕП во Турција

Берат Јакупи ќе се бори за злато на ЕП во Турција

Македонскиот репрезентативец во карате Берат Јакупи ќе се бори за златниот медал на Европското првенство во Кочаели, Турција.

Јакупи, вчера избори пласман во финалето, во категоријата до 84 килограми, откако во полуфиналето го победи Гркот Георгиос Цанос.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Претходно Јакупи стартуваше на ЕП со победа над Денис Денисенко од Русија, потоа беше подобар од Белорусинот Антон Исакау, а во четвртфиналето славеше над репрезентативецот на БиХ, Мерис Муховиќ.

Македонија на ЕП во Турција настапува со 14 репрезентативци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…