Дома Фудбал Англија Бенитез со порака до Саутгејт: „Земи го на СП, тој е различен од другите“

Бенитез со порака до Саутгејт: „Земи го на СП, тој е различен од другите“

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт најави дека списокот на репрезентативци за Светкосто првенство во Русија ќе го објави веднаш по завршувањето на сезоната во Премиер лигата.

Добар дел од фудбалерите имаат сигурни места, а останатите имаат уште месец дека да се докажат и евентуално да го заработаат своето место во авионот за Русија. Тренерот на Њукасл, Рафаел Бенитез му предложи на англискиот играч да го земе играчот од средниот ред на својот тим, Џонџо Шелви. Тој тврди дека Англија нема таков фудбалер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Доколку го одбере, мислам дека ќе игра одлично. Не е моја работа да предложувам играчи, но чувствувам дека Џонџо би бил одличен во репрезентацијата. Тој е поинаков фудбалер од сите останати играчи во репрезентацијата и може многу да напредува“, изјави Бенитез.

Шелви во кариерата настапи шест пати за националниот тим, а дебитираше во 2012. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид сака нова револуција во фудбалот, има поддршка и од Барселона!

Во последните години, фудбалските натпреварувања доживеаа значителни промени, а сега Реал …