Дома Фудбал Англија Бенитез добил понуда од соништата, се отвара ли место за Мурињо?

Бенитез добил понуда од соништата, се отвара ли место за Мурињо?

Рафа Бенитез би можел да го напушти Њукасл.

Бенитез успеа со Њукасл да заврши на средина на табелата и тоа во клубот го сметаат за успех.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Меѓутоа апетите за Њукасл во иднина би требало да бидат поголем. Со оглед на тоа дека Њукасл го купија арапски сопственици се очекува во иднина да следат големи вложувања.

Од кога Мајк Ешли го продаде клубот на арапските сопственици со Њукасл се поврзуваше и португалскиот стратег Жозе Мурињо. Во една прилика Жозе дури и самиот истакна дека му се допаѓа градот, клубот и навивачите.

Сега Бенитес доби фантастична понуда и би можело во Њукасл да се отвори место за потенцијалното пристигнување на Мурињо.

Бенитез добил понуда од кинескиот Далијан кој е спремен да му плаќа 12 милиони фунти по сезона.

Покрај Далијен се пишува и за интересот на Челзи кој остана без Маурицио Сари кој се пресели во Јувентус, сепак за клупата на „сините“ најголем фаворит е играчката легенда на клубот од „Стенфорд Бриџ“ Френк Лампард.

Бенитез ќе почека ќе види која понуда му е најдобра, а понудата од Кина изгледа навистина фантастично.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…