Дома Трансфер зона Бенитез во Њукасл го доведува играчот од „својот“ Ливерпул

Бенитез во Њукасл го доведува играчот од „својот“ Ливерпул

Шпанскиот стратег одлучен да го доведе играчот за врска на Ливерпул.

Рафа Бенитез ќе остане запаметен како еден од најуспешните тренери во историјата на Ливерпул, бидејќи со тимот од „Енфилд“ успеа да ја освои Лигата на Шампионите.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


По Ливерпул, Шпанецот промени многу тимови, а во моментов го предводи Њукасл, кој успеа да го врати во Премиер лигата.

Сега е време „Страчките“ добро да се засилат пред предизвиците во најелитниот ранг, а нивниот тренер се одлучи да ангажира и еден играч токму од својот поранешен тим.

Имено, тој на „Сент Џејмс Парк“ сака да го види Лукас Леива.

Искусниот Бразилец беше 10 години во дресот на Ливерпул, но ова лето конечно би можел да си замине. Поврзуван е со трансфер во Италија, но нема сомнеж дека повеќе би сакал да остане во Премиер лигата.

Бенитез е подготвен тоа да му го понуди тоа, токму и тој своевремено го доведе на „Енфилд“ од бразилскиот Греми.

Се верува дека за неговите услуги Њукасл би морал да плати 4 милиони фунти, што е малку, кога ќе се земе во предвид фактот дека Бенитез ова лето има на располагање 100 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …