Дома Фудбал Италија Бенатија: Се враќавме од Бергамо, а Роналдо во 11 навечер ме викна на – тренинг!

Бенатија: Се враќавме од Бергамо, а Роналдо во 11 навечер ме викна на – тренинг!

Мароканскиот дефанзивец и поранешен играч на Јувентус, Мехди Бенатија порача дека Кристиано Роналдо „не е нормален“.

Бенатија кој во овој момент го носи дресот на Ал-Духаил зборуваше за менталитетот на 34 годишниот Роналдо и откри интересен момент од патот кон Торино после едно гостување кај Аталанта.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Беше тоа на пат назад за Бергамо. Ние двајца не игравме и бевме на клупата бидејќи три дена подоцна имавме нов натпревар. Во автобусот назад Роналдо ми кажа: Што ќе правиш кога ќе се вратиме? Му одговорив: 11 навечер е си одам дома, зошто? Тогаш тој ме праша: Не сакаш да тренираш со мене? Не се испотив на натпреварот, па морам да тренирам. Нема да ми правиш друштво?“.

„Му објаснив дека тоа не е можно, само сакав да одам дома да пуштам ТВ и да одмарам. Кога стигнавме сите бевме нормално облечени, а тој облече шорц, пушти музика и отиде во теретана. Си помислив – овој човек не е нормален“, откри Бенатија.

Бенатија додаде и дека Роналдо многу се жртвува за фудбалот.

„Кога си со него во контакт секој ден уште повеќе го почитуваш како играч. Многу се жртвуваше за фудбалот. Се изненадив кога видов со каков интезитет работи секој ден“, заврши Мароканецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…