Џуд Белингам е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот и на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.
Ливерпул, Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ и Челзи се силно заинтересирани за неговиот потпис, а Борусија за неговата слобода ќе бара најмалку 100 милиони евра.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Споменатите клубови нема да жалат пари за неговиот потпис, но англискиот талент веќе го избрал следниот клуб.
Имено, Белингам сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид и поради тоа е спремен да ги одбие клубови од Премиер лигата.
Интересно е што Англичанецот во фокусот го става својот спортски развој, а не финансиските параметри, па е спремен да ги одбие другите клубови кои му нудат повисока плата.