Барселона е блиску до комплетирање на трансферот на Хектор Белерин, кој после 11 години треба да се врати на „Камп Ноу“.
Откако го испратија Сержињо Дест на позајмица во Милан, Каталонците отворија простор за ангажман на нов десен бек, а прв избор е токму Белерин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
27-годишниот Шпанец, кој минатата сезона играше на позајмица во Бетис, може да потпише за Барселона како слободен агент.
Тој има уште една година договор со Арсенал, но неговите агенти денес треба спогодбено да го раскинат договорот, па ќе биде слободен да потпише за Барселона.
🚨 Barcelona are in advanced talks to sign Hector Bellerin for free. It's almost agreed.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 1, 2022
(Source: @relevo) #DeadlineDay