Дома Фудбал Репрезентации Белгискиот рекордер по бројот на настапи се повлече од репрезентацијата

Белгискиот рекордер по бројот на настапи се повлече од репрезентацијата

Дефанзивецот на белгиската фудбалска репрезентација Јан Вертонген (37) објави дека се повлекува од дресот на „црвените ѓаволи“.

Во својот последен настап за националниот тим, тој си постигна автогол и со тоа беше трагичар за својата репрезентација во натпреварот помеѓу Белгија и Франција. Белгија беше елиминирана токму само со тој негов автогол.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вертонген го држи рекордот по бројот на настапи за белгиската репрезентација. Од своето деби за националниот тим во 2007 година, настапи на 157 натпревари и постигна 10 голови. Првите белгиски играчи зад него по бројот на настапи се Аксел Витсел (132) и Тоби Алдервирелд (127).

Исто така со 157 натпревари тој е на 33-тото место кога во прашање се настапите на фудбалерите во било која репрезентација.

„Од прво до последно, ви благодарам за сите спомени, го живеев сонот“, напиша Вертонген на социјалните мрежи.

Тој беше репрезентативец на Белгија која го освои третото место на СП во 2018 година, стигна до четвртфиналето на ЕП 2016 и ЕП 2021, а го освои четвртото место на и Олимписките игри во 2008 година.

Во моментов е член на Андерлехт, а во текот на кариерата настапуваше за Бенфика, Тотенхем, Ајакс и Валвијк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

УЕФА ја казни Хрватска

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска за случувањата на натпреварот против Шкотска н…