Тимот на Беласица работи на засилувањата во овој преоден рок, a сега потпиша договори со двајца талентирани играчи.
Горгиовски е играч за врска, млад надежен фудбалер, кој е стандарден репрезентативец на селекцијата У17 на Нов Зеланд. Имено, нашиот талент во ноември ќе настапува со својата селекција на Светското Првенство до 17 години што ќе се оддржува во Индонезија.
1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓
Не само што игра за Нов Зеланд, туку Горгиовски е и ден од најважните играчи. Повеќе за неговиот настап на континенталниот турнир каде што се избори за настап на Светското првенство можете да прочитате – ТУКА.
Покрај Горгиовски Беласица го доведе и Ахтаров Спаско кој е повратникот во тимот. Спаско, кој е голман и стандарден репрезентативен на македонската селекција до 17 години, долго време беше дел од младинските категории на ФК Беласица, за да одреден период биде член на Македонија ЃП, а сега повторно да настапува за својот матичен клуб.