Дома Фудбал Англија Бекот на Тотенхем: Донесете засилувања, но не играчи кои морам да ги „Гуглам“

Бекот на Тотенхем: Донесете засилувања, но не играчи кои морам да ги „Гуглам“

Левиот бек на Тотенхем јавно побара од сопственикот на клубот звучни засилувања, бидејќи како што вели „сака да освојува трофеи“.

Лондонскиот клуб ова лет го продаде Кајл Вокер во Манчестер Сити за 50 милиони фунти, но сеуште нема донесено ниту едно засилување.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Би сакал да видам повеќе засилувања. Сигурно би бил среќен доколку дојде некој топ играч. Не велам дека треба да донесеме 10 засилувања, нека бидат двајца или тројца, но да не бидат играчи кои морам да ги Гуглам за да дознаам кои се“, изјави Роуз.

Левиот бек потоа јасно порача дека сака да освојува трофеи и дека размислува за промена на средината.

„Го достигнав врвот и веројатно ми остана уште еден голем договор во кариерата. Времето одминува, а јас сакам да освојувам трофеи. Не сакам да играм фудбал 15 години и да не освојам ниту еден трофеј. Тоа нема да ме задоволи. Не велам дека сигурно заминувам, но доколку пристигне понуда добро ќе размислам“, изјави Роуз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

От Манчестер Јунајтед ќе се обидат да го задржат Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…