Дома Останати Бекер: Сакам да ме погребат на Вимблдон!

Бекер: Сакам да ме погребат на Вимблдон!

Легендарниот тенисер Борис Бекер изјави дека не се чувствува како Германец и дека сака да биде погребен на Вимблдон.

Бекер долго време живее во Лондон и смета дека тоа е неговиот вистински дом.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Мојот дом е Лондон. Сакам да ме погребат на Вимблдон. Веројатно нема да се вратам во Германија. Имам германски пасош, но повеќе не се чувствувам како Германец“, изјави Бекер кој три пати го има освоено Вимблдон.

Инаку, Бекер изминатите седум месеци има големи финансиски проблеми, а Врховниот суд во Лондон во јуни му прогласи банкрот, иако Германецот потоа неколку пати истакна дека тие наводи не се точни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ повторно го донесе во опасност важниот рекорд на Федерер

Новак Ѓоковиќ речиси идеално ја започна новата сезона и малку недостигаше за 11. пат да би…