Дома Фудбал Англија Беа стандарден премиерлигаш и во Европа играа против Работнички, а сега одат во трета лига со -12 бода

Беа стандарден премиерлигаш и во Европа играа против Работнички, а сега одат во трета лига со -12 бода

Во поранешниот англиски премиерлигаш Болтон ситуацијата е се полоша.

Прво играчите на овој клуб пред нешто повеќе од еден месец одбиваа да играат додека не ги добијат своите плати, а потоа испаднаа од Чемпионшип.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега паднаа во стеча и наредната сезона во Лига 1 ќе ја започнат со минус 12 бодови. Клубот минатата недела доби рок да именува стечајна управа откако е одложена одлуката за ликвидација.

Управата на англиските фудбалски лиги (ЕФЛ) сега ќе започне преговори со стечајниот управник со цел да се пронајде долгорочно решение за овој клуб.
Болтон е клуб кој е еден од основачите на англиската лига, а освои четири ФА Купа. Откако во 2012 испаднаа од Премиер лигата клубот се најде во големи проблеми.

Во сезоната 2007/2008 играше Лига Европа (Уефа Куп) во група со Баерн, Брага, Арис и Црвена Звезда, а на крајот заврши како третопласиран во таа конкуренција. Тогаш поминаа во нокаут фазата, го елиминираа Атлетико Мадрид, за потоа да испаднат од Спортинг Лисабон.

Ќе потсетиме таа година во квалификациите за влез во групата Болтон играше против тимот на Работнички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…