Дома Фудбал Англија Батшуаи повторно издоминира – Овој навивач си доби тоа што бараше! (Фото)

Батшуаи повторно издоминира – Овој навивач си доби тоа што бараше! (Фото)

Напаѓачот на Челзи, Мичел Батшуаи, без никакви дилеми е фудбалер кој треба да го следите на друштвените мрежи.

Белгиецот од поодамнa на Твитер објавува шеговити пораки со кои ги расположува своите фанови, но после натпреварот против Вотфорд (4:2) тој се надмина себе си.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Батшуаи влезе во игра во 61 минута на местото на Мората и во тој момент резултатот беше 2:1 за гостите, но до крајот на натпреварот тој постигна два погодоци и му донесе пресврт и важна победа на Челзи со која беше прекината негативната низа на „сините“ во Премиер лигата.

Во моментите кога Батшуаи влегуваше во игра многу навивачи на Челзи беа скептични, а корисникот  со име „Danny“ напиша: Ќе ги изедам своите гом*а ако Батшуаи успее да го сврти натпреварот.

Секако, на активен твитераш како Батшуаи тоа не му избега, па после натпреварот испрати порака до „Danny“: Добар апетит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Епска драма на „Олд Трафорд“ – девет голови и триумф на Јунајтед над Лион со голови во 120. и 121. минута (Видео)

Вечерва Манчестер јунајтед и Лион одиграа натпревар за аналите и фудбалската историја во р…