Дома Фудбал Останато Бартра се појави на судењето: Се плашев за својот живот

Бартра се појави на судењето: Се плашев за својот живот

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марк Бартра сведочеше на судењето за обвиниетиот за минатогодишниот напад на автобусот на овој клуб.

Бартра во понедлникот се појави на судот, а неговата изјава после сведочењето на јавноста ја соопшти неговиот адвокат Алфонс Бекер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Дефанзивецот заработи повреди кога три експлозии го погодија клупскиот автобус кој го напушташе хотелот и се упатуваше на натпреварот од Лигата на шампионите против Монако на 11 април 2017 година.

„Се плашев за својот живот. Стравував дека никогаш повеќе нема да го видам своето семејство“, изјавил Бартра.

Обвинет за овој напад е 28 годишниот Сергеј.В, кој претходно овој месец призна дека тоа го направил но и дека не сакал никого да повреди или убие. Тој беше уапсен десетина дена после нападот, а судењето започна минатиот месец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато кога Влаховиќ ќе потпише нов договор!

Иако италијанските новинари веќе некое време го „селеа“ Душан Влаховиќ од Јувентус, во тек…