Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу испратил молба до правните власти во Каталонција за да не се дозволи одржување на референдум за гласање на негова доверба.
Денес Бартомеу ќе има средба со Бордот на директори за да се разгледуваат следните чекори. На хартија има две можни сценарија – поднесување на оставка на претседателот или свикување на референдум.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ако се случи првото сценарио ќе биде објавен датумот за престојните избори. Ако се решат за референдум, тој треба да биде на 1-ви ноември.
Лошата ситуација во Каталонија поради пандемијата меѓутоа ги отежнува двете сценарија. Не е јасно дали каталонските власти ќе дозволат одржување на референдум и собирање на луѓе на „Камп Ноу“.
Истото важи и за свикувањето на предвремени избори, кои традиционално се организираат со физичко присуство и гласање на „Камп Ноу“.