Претседателот на Барселона Хозе Марија Бартомеу вчераи маше интервју за официјалната страна на Барселона во кое зборуваше за бројни прашања во клубот.
После поразот од Баерн во Лигата на шампионите со 8:2 многу се пишуваше за судбината на бројни играчи, а Бартоу напомена кои седум се сигурни.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Меси, Гризман, Дембеле, Тер Штеген, Ленгле, Де Јонг и Семедо сигурно ќе останат во клубот. За останатите играчи ќе ги разгледаме понудите и ќе донесеме конечна одлука. Постои можност да го раскинеме договорот со некои фудбалери“, изјави Бартомеу.
Значи помеѓу споменатите играчи го нема Луис Суарез кој изгледа сигурно си заминува од „Камп Ноу“.