Дома Фудбал Барселона ќе оди на суд за „случајот Гризман“

Барселона ќе оди на суд за „случајот Гризман“

Барселона планира да оди на суд за да го реши случајот околу позајмицата на напаѓачот Антоан Гризман.

Французинот моментално е на позајмица во Атлетико Мадрид, но не добива голема минутажа бидејќи се верува дека „јорганџиите“ намерно не го користат за да не мора да ја платат задолжителната откупна клаузула на крајот на сезоната.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Токму поради тоа Каталонците размислуваат да одат на суд, тврди „Мундо Депортиво“.

Во договорот за позајмица на Гризман има клаузула според која „јорганџиите“ ќе треба да платат 40 милиони евра за напаѓачот доколку одигра најмалку 45 минути во 50% од натпреварите во текот на сезоната.

Меѓутоа, 31-годишниот Французин беше на клупата на секој од првите четири натпревари на Атлетико досега, влегувајќи во второто полувреме и не забележа повеќе од 30 минути игра.

„Ме познавате 10 години. За мене клубот е секогаш на прво место. Гризман беше на теренот кога ни требаше”, изјави Диего Симеоне на прашањето за малкуте минути игра на Французинот.

Со тоа навести дека можеби добил наредба од раководството да не се потпира толку на 31-годишниот напаѓач.

Сепак, Барса не е задоволна од ситуацијата и своите права ќе ги бара на суд. Случајот е доста сложен и на Каталонците ќе им биде тешко да ги убедат судиите дека Атлетико некако го прекршува договорот меѓу двете страни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво промашување од пенал не сте виделе порано: Најлошата „паненка“ во Бразил! (Видео)

Коринтијанс синоќа беше поразен на својот терен од Фламенго со 2:1 во натпреварот од 25. к…